Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи му испрати поддршка на својот сонародник и соиграч во националниот тим Андре Гомеш, кој заработи тешка повреда во премиерлигашкиот дуел меѓу Евертон и Тотенхем.

„Ти посакувам брзо заздравување. Ќе се вратиш уште посилен. Ти праќам силна прегратка“, напиша Роналдо на Инстаграм заедно со слика од нив двајца во репрезентативен дрес.

Гомеш заработи тешка скршеница и дислокација на десниот скочен зглоб по стартот на Сон, по што беше итно пренесен во болница, а вчера му беше извршена успешна хируршка интервенција. Се верува дека Португалецот во целост ќе може да му се врати на фудбалот.