Селекторот на австриската репрезентација Франко Фода, денеска го соопшти списокот од 24 играчи на кои ќе смета на натпреварот со Македонија на 16 ноември во Виена.

Фода има проблем само со голманите. Сите тројца заедно имаат само два настапи. Тоа е така поради проблемите со повреди.

На останатите позиции Фода нема некои поголеми проблеми, односно ќе може да смета на сите сили. Тука е и Арнаутовиќ кој имаше импресивна партија во Скопје.