Вчерашната средба од 15.коло во Премиер лигата во Русија меѓу Рубин и Крила Советов заврши трагично.

Со оглед на тоа дека овој меч важи за соседско дерби, било тензично, а имало и тепачка меѓу фановите на двете екипи која завршила  со десетина повредени и еден мртов редар.

Поводот бил тој што гостинските навивачи носеле навредлив транспарент, а домашните сакале да им го украдат. Во прво време полицијата и редарите ја држеле ситуацијата под контрола, за да потоа дошло до хаос во подтрибинскиот простор.