Мајорка во неделата гостуваше кај Ваљадолид и изгуби убедливо, а во составот на тимот од Балеарските острови не беше македонскиот интернационалец Александар Трајковски. Прашалници се појавија околу неговиот настап, се зборуваше дека можеби се работи за некоја повреда, па тактичка варијанта, но тој не беше ниту на клупата.

Покрај Трајковски, надвор од тимот беше и Французинот Јанис Салибур, двајцата новаци во екипата, а тренерот Висент Морено ги казнил. Морено објасни дека од нив побарал да се подобрат, но тие не го направиле тоа. Морено воопшто не е задоволен од тоа како се развива кариерата на Трајковски во Мајорка, а бил посебно незадоволен од неговиот настап на претходниот меч, против Осасуна, на кој побарал да го раздвижи нападот, а тој уште повеќе ја позабавил играта.

Трајковски не стартуваше на ниту еден меч до сега, а воглавно добиваше шанса од клупата па така запиша 154 минути во десет натпревари. Па веројатно македонскиот репрезентативец ќе биде вон стројот додека не ја поправи формата.