Селекцијата на Македонија за играчи до 16 години, попладнево одигра 0:0 во пријателски натпревар против соодветната селекција на Романија. Мечот кој се играше на стадионот на ФФМ, изобилуваше со неколку шанси на двете страни, добра игра и силен отпор на момците на селекторот Драган Канатларовски.

Инаку ова беше прв натпревар од двата кои беа предвидени, вториот се игра в четврток со почеток во 11 часот, исто на стадионот на ФФМ во Скопје.