Баерн го отпушти тренерот Нико Ковач после дебаклот од Ајнтрахт во Франкуфрт (5:1), а на големо се пишуваше дека овој потег на управата бил очекуван пред се поради тоа што хрватскиот стратег имал лош однос со играчите и постојано им викал и јавно ги критикувал. По тој повод се огласи и првиот човек Ули Хенес.

„Со Нико се разделивме пријателски. Се договоривме да се разделиме и нема никаков валкан веш како што се пишуваше. Разговорав со него и телефонски и се е во ред. Мислам дека и тој се ослободи од огромниот притисок. Не можам да кажам што ќе се случи во наредниот период. Сега тоа не е ни важно, имаме три недели да смислиме кој ќе ни биде тренер“, изјави Хенес.

Баерн го очекуваат два натпревари: со Олимпијакос во ЛШ и со Борусија Дортмунд во ЛЕ, па следува пауза поради репрезентациите. На тие мечеви тимот ќе го води досегашниот помошник Ханс Флик. Новиот стратег ќе биде познат до мечот со Фортуна на 23 ноември.

Во меѓувреме еден од потенцијалните кандидати Ерик тен Хаг го одби баварскиот гигант со образложение дека сака да остане во Ајакс до крајот на сезоната.