И дефинитивно оваа есен на Македонија ЃП не и оди на својот стадион во Ѓорче. Имено како може поинаку да се протолкува катастрофалната серија од шест меча по ред во кои „лавовите“ немаат победа дома? На тие пет првенствени и еден куп дуел со Брегалница, имаат четири ремија и два порази. Загубија од Ренова и Силекс со по 0:1, а одиграа реми со Шкендија (0:0), Вардар (1:1), Шкупи (0:0), и на куп мечот со Брегалница кога беше 0:0.

Значи само еден постигнат гол на свој терен на шест одиграни мечеви. Сето ова придонесе екипата на Ѓорче и тоа како падне на табелата, сега се наоѓа на 6. место со само 17 бода, или само три повеќе од деветиот Борец. А во првите кола „лавовите“ просто „газеа“ и беа при самиот врв заедно со А. Пандев и Вардар. Па така се чини дека, ако работите драстично не се промеменат, екипата од Ѓорче ја чека тешка битка за опстанок.