Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доколку сака годината да ја заврши како број 1 на АТП листата ќе мора да го мине Роџер Федерер во групата „Бјорн Борг“ на завршниот Мастерс во Лондон.

Покрај нив двајца во оваа групата се наоѓаат и Доминик Тим, како и Матео Беретини, кој премиерно ќе се појави на Мастерсот.

Новиот светски рекет број еден Рафаел Надал, пак, е носител во групата „Андре Агаси“ каде за конкуренција ќе го има бранител на титулата, Александар Зверев, како и дебитантите Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Турнирот започнува на 10 ноември и ќе трае до 18 ноември, а интересно е што сите осум тенисери се претставници од различна држава.

Овој Мастерс ќе одлучи и кој тенисер дали Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал ќе ја завршат 2019 година како број еден на АТП листата.