Меди Гафур, атлетичарка која трча за Холандија, инаку потекнува од Пакистан, е осудена на казна затвор во период од 8.5 години. Таа е фатена како шверцува дрога, и тоа во рутинска контрола. Во нејзиниот автпмобил е пронајдено 50 кг екстази и 2 кг метамфетамин, роба во вреност од 2.3 милиони евра.

Таа се бранела дека не знаела што има во нејзиниот автомобил, но сепак е осудена и ќе мора да лежи во затвор. Од атлетската федерација на Холандија велат дека и тие ќе преземат мерки против Меди Гафур.

Инаку Гафур за Холандија трчаше на ОИ во Рио во 2016 година, во штафетата 4Х400, а беше учесник и на последното ЕП.