Рубин Стефанов е едно од оние големи кошаркарски богатства од кои се очекува да прераснe во вистински лидер во нашиот национален состав. Синот на легендарниот репрезентативец Врбица од оваа сезона во дресот на Римини Крабс има двојна обврска.

Одличните партии на 14-годишниот Стефанов во неговата генерација беа повеќе од доволна причина да игра и за У16 тимот. Не само што е стандарден член, тој веќе одлично се снаоѓа на теренот.

На последниот меч со кошаркарите една година постари од него беше прв стрелец со 20 поени во триумфот над Баскет С. од 41-76.

Што се однесува до неговата генерација, Рубин е неприкосновен. Македонскиот бисер е број еден стрелец, има просек од 35,5 поени по натпревар. Иако е рано да се зборува, нема да биде чудо доколко мине својот татко и стане подобар од него.

Стефанов пред Римини една година го носеше дресот на Анадолу Ефес.