По се изгледа дека се ближи разделбата меѓу Наполи и Карло Анчелоти. Тој, така барем пишуваат медиумите во Италија, не гледа начин како да ја сврти ситуација во своја корист во тековната сезона во Серија А. Јуве и Интер бодово премногу избегаа, па чудо ќе биде да Наполи повторно се вмеша во битката за титулата.  

Како капак на се дојде „бунтот“ на играчите, кои одбија да одат во карантин. 

Интересно е тоа што Анчелоти имал супер понуда од Ј. Америја, поточно од Бока Јуниорс. Тренерот на тој клуб Густаво Алфаро по неуспехот во Копа Либертадорес е пред отказ, па така првите луѓе на клубот од Буенос Аирес сакаат да го видат Карло Анчелоти. Од Шпанија е веста дека Бока дури и му доставила понуда на Карло, па така лесно може да се случи уште следниот месец тој да се пресели во Аргентина.