Нико Ковач си заминува од Баерн. Можеби за многумина тоа беше разочарувачки, веројатно и за самиот тренер, но добро ќе му „легнат“ парите кои ќе ги добие како отштета за предвремениот отказ. Ковач имаше договор со „Баварците“ до 2021 година.

Со оглед на фактот дека тој заработуваше 6 милиони по сезона, Баерн ќе го плати отказот на Ковач блиску 10 милиони евра.

Хрватот доби отказ по поразот од Ајнтрахт изминатиот викенд од 5:1.