Ралф Рагник одби да преговара со Баерн Минхен, открива новинар на Билд. Германскиот тим е во потрага по замена за Нико Ковач на клупата, кој добио отказ по убедливиот пораз од 5-1 во Бундес-лигата.

Челниците на клубот стапиле во контакт со некогашниот тренер на Лајпциг, Шалке и Хофенхајм, но 61-годишниот Рагник им се заблагодарил на понудата.

Најголем фаворит за клупата на баварскиот тим е Арсен Венгер, тврди БИЛД.

Легендарниот тренер од Арсенал си замина на крајот на 2018/18 сезона, по 22 години одлучи да се раздели со тимот. Од овој момент Французинот е без тренерска работа, тој се појавува како стручен коментатор.

„Секако дека ме интересира таа работа. Тренерската работа е мојот живот. Одлучив да се одморам малку, подготвен сум за нови предизвици“, изјави 70-годишниот Французин во една емисија посветена за Лигата на шампиони.