Македонскиот интернационалец, Давид Бабунски се запиша во листата на стрелци на триумфот на Омија. Некогашниот репрезентативец влезе во 82. минута и стави печат на победата од 3-0 против Ависпа Фукуока.

Ова беше втор погодок за Бабунски во дресот на неговиот тим. Овој пат постигна вистинско ремек дело со волеј го матираше противничкиот голман.