Ненад Димитријевиќ со 23 поени го предводеше Хувентуд до важна победа во Еврокупот, на домашен терен го совлада Нантер со 79-77 и се искачи на второто место во групата Ц.

По мечот македонскиот репрезентативец не го криеше своето задоволство од освоените два бода.

„Би сакал да му се заблагодарам на Господ бидејќи без него немаше да успеам. Среќен сум за тимот, ја заслуживме победата, напорно работевме секој ден за да го одбраниме домашниот тим. Одигравме тежок натпревар против тежок тим. Среќен сум што успеав да му помогнам на тимот особено во Еврокупот каде секој меч е важен“, рече Нено.