Ситуацијата во продолжение од сезоната во Наполи ни малку не е добра. По вчерашното реми 1-1 во Лигата на шампионите, Елиф Елмас и неговите соиграчи одлучија да не ги испочитуваат наредбите на претседателот на клубот Аурелио ди Лаурентис.

По поразот од Рома тој наредил фудбалерите да одат во карантин, но играчите заедно со стручниот штаб по вчерашниот дуел си заминале дома. Пред да го сторат тоа Лоренцо Инсиње преку синот на газдата ја започнал војната.

„Ние си одиме дома, пренеси му на твојот татко“, со висок тон се обратил капитенот на Наполи.

И за тренерот Карлос Анчелоти наредбата на првиот човек нема логика, тоа го кажал и пред дуелот.

Во меѓувреме како што пишуваат италијанските медиуми, Ди Лаурентис подготвува одмазда, нема да биде чудо ако ги казни жестоко.