ПСЖ го победи Бриж со 1:0 доволно со што си го обезбеди местото во осминафиналето на Лигата на шампионите, па му останува само во последните две кола да се бори со Реал за првата позиција. Погодокот вреден три бода го постигна Икарди. Заедно со вечерашниот, последните 13-гола за ПСЖ ги постигнаа двајца играчи: Мауро Икарди и Килијан Мбапе. Уште од победата против Ница на 18 октомври со 4:1. Првите два гола ги постигна Ди Марија, а другите два Икарди и Мбапе. Па тие двајца ги решетаа противничките мрежи на следните четири натпревари, два во ЛШ и два во првенството.

 

ПСЖ – Бриж 1:0 (Икарди)

Дижон – ПСЖ 2:1 (Мбапе)

ПСЖ – Марсеј 4:0 (Мбапе 2, Икарди 2)

Бриж – ПСЖ 0:5 (Икарди 2, Мбапе 3)

Ница – ПСЖ 1:4 (Ди Марија 2, Мбапе, Икарди)