Меѓународниот олимписки комитет бара измени во Законот за спорт, но тие години наназад никако да се донесат. ИОК се заканува дека ќе го суспендира Македонскиот олимписки комитет и дека спортистите ќе добијат забрана за настап на ОИ во Токио 2020.

Сега има рок од шест месеци Владата да ги исправи грешките, а во меѓувреме првиот човек на Агенцијата за млади и спорт го нема за одговор на ова прашање. Долго време се игнорираат барањата од ИОК за независно функционирање на федерациите. Од Владата пренесуваат дека во слендиот период ќе биде изготвен нов закон за спорт, со што Владата ќе ги спасува грешките на Каевски.

„Во наредниот период ќе се изготвува нов Закон за спорт согласно насоките дадени од Меѓународниот олимписки комитет, меѓутоа и согласно ветувањето дадено пред спортската јавност дека ќе се прави нов Закон за спорт со кој ќе се унапреди спортскиот стандард и спортот воопшто“, велат од Владата, пренесува Радио Слободна Европа.