Јапонскиот ски скокач Нориаки Касаи ќе ја одработи 31. сезона во Светскиот куп. 47-годишниот Касаи не планира да се пензионира, туку се избори за место во Светскиот куп кој ќе стартува во Висла, Полска на 23/24 ноември. Ова го објави Јапонската скијачка федерација.

Касаи дебитираше во Светскиот куп во декември 1988 година во Сапоро. Неговата главна цел е да учествува на Олимписките игри 2022 година во Пекинг.

Претходно, со настапот во Пјонгчанг во Јужна Кореја, Касаи стана првиот скијач кој учествувал на осум зимски Олимписки игри.