Легендарниот шведски напаѓач во декември ќе биде слободен играч, неговиот договор со ЛА Галакси истекува, а откако најави дека нема намера да остане во МЛС-лигата, на големо се зборува за неговата иднина.

Иако Златан Ибрахимовиќ има 38 години, сепак е на листата на желби на многу клубови, еден од нив е Милан. Според многумина тој ќе биде одлично решение за ситуацијата во која се најде италијанскиот тим. Антонио Касано верува дека искусниот напаѓач ќе ги прифати условите на „росонерите“.

„Ибрахимовиќ е единствената надеж дека Милан може да стане подобар. Соиграчите ги прави подобри, ќе донесе антузијазам во тимот. Мислите дека нема да дојде? Јас сум сигурен дека ќе прифати само доколку му биде понуден договор на година и пол“, изјави Касано.

Покрај Милан во својот состав Ибрахимовиќ го посакуваат Болоња, Наполи и Интер од Серија А.