Интересна ситуација на „Сан Сиро“ на дуелот меѓу Аталанта и Манчестер Сити во ЛШ. Во финишот на мечот, поточно од 80 минута па до крајот на мечот на голот на гостите застана играчот Кајл Вокер. На полувреме излезе Едерсон излезе поради повреда, а на неговото место влезе Клаудио Браво. Чилеанскиот голман направи глупост во 81 минута и доби директен црвен картон. А Сити немаше трет голман на клупата, па меѓу стативите застана бекот Кајл Вокер кој веднаш одбрани удар на Малиновски. Тој ја сочува мрежата, а мечот заврши 1:1.