Интер имаше 2:0 во Дортмунд на полувремето. И кога се чинеше дека се оди како „подмачкано“, Борусија се врати стигна 2:2, потоа и до 3:2.

Тренерот Антонио Конте беше бесен за поразот во Дортмунд, а после натпреварот даде изјава во која кажа дека нема доволен фонд на играчи, а го прозва и раководството.

„Нормално дека сум лут и бесен. Истото ни се случи и со Барселона. Сега беше потешко затоа што имавме 2:0. Немаме доволно играчи, немаат одмор. Немам што да им замерам на играчите, го дадоа максимумот, но едноставно одиграа многу натпревари. Ете и со Сасуоло водевме 4:1, па на крај стигнаа 4:3. Нека дојде директорот да зборува место мене. Грешките се направени уште од почетокот на сезоната“, рече Конте по натпреварот.