ЛА Лејкерс на гостувањето кај Чикаго славеа со 112-118 по голем пресврт. Булси после две четвртини имаа водство од 19 поени (65-45), но на крајот немаа решение за Леброн Џејмс.

Ѕвездата на Лејкерс мечот го заврши со трипл-дабл од 30 поени, 10 скока и 11 асистенции, доволен за нов рекорд. 35-годишниот Леброн е најстариот кошаркар кој на три меча во низа успеал да запише трипл-дабл.

Ентони Дејвис мечот го заврши со 15 поени и 7 скока. На другата страна Зах Лавин имаше 26 поени, 7 скока и 7 асистенции.

Ова беше шеста победа во низа за Лејкерс, вкупно седма сезонава за прво место во Западната конференција.

Резултати: Шарлот – Индијана 122-120 (прод.), Кливленд – Бостон 113-119, Атланта – Сан Антонио 108-100, Чикаго – ЛА Лејкерс 112-118, Оклахома – Орландо 102-94, Денвер – Мајами 109-89.