Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја обезбедат и четвртата победа во групната фаза од Лигата на Европа. Иако беа на чекор до победа, примија гол во судиското продолжение и мораа да се задоволат само со бод од гостувањето во Португалија.

Виторија Гимараеш обезбеди 1:1 на домашен терен против големиот фаворит, што практично е првиот освоен бод за португалскиот тим во групата.

Мечот долго време немаше гол. Пртвиот дојде во 81-та минута, кога Мустафи погоди со глава за водство на Арсенал. Иако се чинеше дека победата ќе биде задржана до крај, домашните преку Дуарте израмнија во 91. минута и ги поставија конечните 1:1.