Одлични натпревари од 4. коло во групната фаза на Лигата на шампионите. Вечерва освен многу голови имаше и четири црвени картони, а освен киксовите на Сити во дуелот со Аталанта и на Атлетико на „Бај арена“ се другото беше како што треба.

На „Максимир“ Динамо одигра 3:3 со Шахтјор во луд меч во кој паднаа два гола во судиското продолжение. Украинскиот шампион поведе со голот на Алан Патрик, но „модрите“ направија пресврт. Изедначи Петковиќ, а во второто полувреме и двата тима играа со 10 играчи поради исклучување на Моро (Динамо) и Марлос (Шахтјор). А Динамо постигна два гола за водство од 3:1, а третиот беше дело на Аријан Адеми во 89 минута. Сепак, „Рударите“ во судиското продолжение на мечот дадоа два гола и се спасија од пораз (Мораеш и Тете од пенал).

А Баер Леверкузен на свој терен го победи Атлетико со 2:1. Тоа е едно од двете изненадувања вечерва. Томас автогол и Фоланд на почетокот на второто полувреме го доведоа Баер во водство, а мадриѓаните намалија во 94 минута преку Мората.

Тинејџерот Родриго постигна три гола, а асистираше за еден во победата на Реал Мадрид над Галатасарај со 6:0. Другите два ги дадоа Рамос и Бензема.

Тотенхем ја замолкна Црвена Звезда на „Маракана“. Кореецот Сон имаше перфектен настап затоа што реализираше два гола и запиша една асистенција во триумфот од 4:0.

 

РЕЗУЛТАТИ

БАЕРН – ОЛИМПИЈАКОС   2:0

ЛОКОМОТИВ – ЈУВЕНТУС  1:2

АТАЛАНТА – МАН.СИТИ   1:1

БАЕР Л. – АТЛЕТИКО      2:1

Ц.ЗВЕЗДА – ТОТЕНХЕМ 0:4

ДИНАМО З. – ШАХТЈОР               3:3

ПСЖ – БРИЖ      1:0

РЕАЛ МАДРИД – ГАЛАТАСАРАЈ               6:0

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore