Реал Мадрид уште по првото полувреме си обезбеди фантастична предност во дуелот со Галатасарај и му останува уште во второто полувреме рутински да си ја доработи задачата.

Уште во првите седум минути бразилскиот тинејџер Родриго постигна два гола, а во 14. минута Серхио Рамос од пенал зголеми на 3:0 (капитенот не му даде на младиот Бразилец да впише хет-трик). „Кралевите“ тотално го напикаа турскиот шампион на својата половина, имаа убедлив посед на топка и уште многу шанси за гол. Пред крајот на првиот дел Родриго му асистираше на Бензема за убедливи 4:0!

Во другите натпревари од 4. коло на ЛШ Динамо Загреб и Шахтјор играат 1:1 по првото полувреме. Алан Патрик ги доведе „рударите“ во водство, но домашните изедначија со голот на Петковиќ.

ПСЖ со голот на Икарди води против Бриж, а и Сити со погодокот на Стерлинг поведе на гостувањето во Бергамо со 1:0, а да кажеме дека „граѓаните“ утнаа и пенал.

Баер поведе против Атлетико на „Бај арена“ со автоголот на Томас, a на „Маракана“ Џовани ло Селсо го постигна дебитантскиот гол за Тотенхем за водство на лондонскиот тим (1:о) против Звезда.