Во првиот дел, фудбалерите на Јувентус имаа среќа многу брзо да го отворат резултатот. Во третата минута од натпреварот, „Старата Дама“ доби слободен удар од левата страна, кој Роналдо реши да го шутира директно, и не погреши. Силниот удар му донесе проблеми во реакцијата на домашниот тренер Гилерме, топката му помина низ нозе, а Рамзи само натрча да ја спроведе во празната мрежа. Интересно, за Разми ова беше прв гол во ЛШ по 2015 година, а голот беше вкупно 300-ти за Јувентус во ЛШ.

Десетина минути подоцна, слична ситуација на спротивната страна. Една одбиена топка од левиот дирек од голот на Шчесни дојде до Миранчук кој само ја спроведе во голот за израмнување на 1:1.

Во вториот дел Јувентус имаше малку повеќе желба да притисне, но одличната игра во одбраната не им дозволи да дојдат до ново водство. Во неколку изгледни шанси, Италијанците не успеаја да погодат и да ги обезбедат трите бода, се до судиското продолжение во кое Даглас Коста велемајсторски се прошета во шеснаесетникот на домашните и погоди за 2:1.

Баерн (М) имаше безброј шанси уштте од стартот на мечот со Олимпијакос, но среќата не ги посака домашните. Тие Чекаа цели 69 минути за да го постигнат првиот гол. По сите промашени шанси на Коман, Милер и Гнабри, Левандовски повторно се појави како спасител и погоди за водство од 1:0. Десет минути подоцна, печат на победата на баварците стави нововлезениот Перишиќ.

И Јуве и Баерн со овие две победи го потврдија пласманот во нокаут фазата од ЛШ.

Standings provided by Sofascore LiveScore


Standings provided by Sofascore LiveScore