После вчерашното издание и двата гола против Интер, но и поради одличните настапи во минатата и во оваа сезона, навивачите на Борусија Дортмунд бараат клубот да го откупи договорот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид.

Хакими е позајмен на две сезони во таборот на „милионерите“, а по крајот на сезоната треба да се врати во Мадрид. Меѓутоа Борусија има право да го откупи неговиот договор, и сега навивачите бараат да биде активирана таа клаузула.

Десниот бек, кој игра и како крило, постигна четири од петте голови на Борусија сезонава во групната фаза од ЛШ, меѓу кои два со Славија во Прага, и два против Интер дома.