Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, е подготвен да замине од „Олд Трафорд“ во зимсикиот преоден рок.

Оваа сезона, Србинот се појави само двапати во стартниот состав на „црвените ѓаволи“ на дуелите од Премиер лигата и вкупно мина само 350 минути на теренот. Оваа ситуација не му одговара на Матиќ, кој сака да биде во добра форма за евентуално учество со репрезентацијата на Србија на престојното европско првенство.

Договорот на 31-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, но клубот може автоматски да го обнови за 12 месеци. Ова значи дека Јунајтед има можност да чека добар договор за Матиќ.