Надежта дека Дејан Кулушевски ќе заигра за македонската репрезентација полека згаснува, откако играчот на Парма денеска доби повик за сенироската селекција на Шведска за дуелите против Романија и против Фарски Острови.

Тоа ќе значи дека доколку настапи, а голема е веројатноста, нема веќе шанси да ја смени репрезентацијата. И да не заигра, тешко дека Кулушевски ќе ја одбере Македонија пред Шведска.

Се споменуваше дека имало некои обиди за убедување на Кулушевски кои минале безуспешно.