Поради нестабилната ситуација во Чиле, КОНМЕБОл одлучи да го промени домаќинот на финалниот меч во Копа Либертадорес. Пресметката меѓу Ривер Плата и Фламенго е закажана за 23. ноември, а организатор ќе биде Перу, поточно Лима.

Сите оние кои купија билети за Сантијаго ќе ги добијат своите пари назад, во следните 72 часа ќе започне продажба на картите за „Монументал“ кој има капацитет од 80.000 места.