Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, вчера беше во посета на фудбалскиот клуб Љуботен, кој по повод еден век постоење, му подари дрес од клубот.

„Еден век ФК Љуботен. Особено ми беше чест што вчера го посетив клупското бифе и промуабетивме со поранешните играчи во клубот. Бошко Василевски и Дуле Јовановски се навратија на спомените од младоста, но и се потсетија дека условите во коишто тогаш играле биле далеку подобри од сегашните.“, напиша на својот ФБ профил Пендаровски.