Од денеска и официјално Раде Цицмиловиќ е нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш. На клубот кој се натпреварува во Втората лига – Исток, со амбиции на крајот од сезоната да заврши како прв и да се врати во елитата. 

По лошите резултати во минатите неколку кола, Љупчо Димитковски – Гањо си поднесе оставка, а раководството на Тиквеш се реши за Цицмиловиќ, кој пред две години успеа Беласица да ја внесе во елитата. Кавадарчани се надеваат дека тоа ќе му успее и со Тиквеш. Пред Цицмиловиќ претстои  напорна работа, треба да го врати тимот на победничките патеки. 

По промоцоијата и претставувањето на новиот тренер во клупските простории, Цицмиловиќ денеска го одработи и првиот тренинг со фудбалерите на Тиквеш.