Музичкото видео  „Дражен – за сите времиња“ беше претставено денеска на церемонијата во „Музејот Дражен Петровиќ“ – Меморијален центар во Загреб, каде беше објавено дека се подготвува мјузикл посветен на легендата на хрватската и екс-југословенската кошарка.

Песната е напишана од музичарот Станко Шариќ, додека спотот е снимен во „Музејот Дражен Петровиќ“ и хрватскиот народен театар во Загреб, а во продукција на Антонио Задро.

Мјузиклот премиерно ќе биде прикажан на 22 октомври 2020 година, на 56-тиот роденден на Дражен.

„Патувањето на Дражен низ Шибенка, Цибона, Реал, НБА и хрватската кошаркарска репрезентација е повеќе или помалку познато и валоризирано, но она што треба да се открие се сите оние клучни животни моменти кои го одредуваат крајниот правец и патека што е невозможно да се каже од збирот на титули што ги освои, а целта на овој проект е да се осврнеме на перспективата на Дражен преку музика – современа античка грчка трагедија со музика“, рече сценаристот Дражен Руње.