Кога боксот е во прашање, кога „Златниот Гонг“ е  во прашање, една од најголемите и најпознати спортски манифестации, тогаш традицијата продолжува.

На денешниот прес по повод „Златниот Гонг“ кој стартува утре, свое видување даде и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

„Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд“.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

На пресот свое излагање имаше и селекторот на македонската боречка репрезентација Хесус Сојет.

Манифестацијата ќе се одржи од 07-09 ноември во спортскиот центар”Борис Трајковски”,со учество на боксери од 8 држави. Нашата репрезентација ќе настапи со четири боксери.