Одбранбениот фудбалер на Зенит, Јарослав Рахицки се реши да стави крај на репрезентативната кариера иако има 30 години. Тој својата одлука ја образложи поради тоа што политиката била сериозно навлезена во фудбалот.

„Се радувам на пласманот на Украина на ЕП 2020 година, им посакувам успех на момците. Пред 10 години дебитирав за националниот тим и сега е време да кажам довидување. Се откажувам од националниот тим. Очекував повик во целата 2019 година, но големиот фудбал се претвори во голема политика. За политиката нема место во спортот“, напиша Рахицки на својот „Инстаграм“ профил.