На навивачите на Ајнтрахт Франкфурт им е забрането влегување во белгискиот град Лиеж за утрешниот меч од групната фаза во Лигата на Европа против Стандард.

УЕФА му забрани на Ајнтрахт да им продава билети на своите фанови, откако на 3 октомври публиката направи немири по победата од 1:0 против Виторија Гимараеш.

Членот на одборот на Ајнтрахт, Алекс Хелман, рече дека забраната е „многу сомнителна“.

Градоначалникот на Лиеж, Вили Дејмер ваква одлука донесе уште пред УЕФА да ја потврди својата пресуда.