Германскиот шампион Флензбург го забележа и третиот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Играа дома против Пари Сен Жермен и не успеаја да го изненадат лидерот на табелата во групата А затоа што загубија со 29:30 што воедно означи и трет пораз по ред на германскиот првак во ЛШ. А Французите ја забележаа шестата победа во седмиот меч во елитната ракометна лига и имаат пет бодови повеќе од екипата од северна Германија која е петта на табелата.

Поранешниот најдобар ракометар на светот Никола Карабатиќ постигна шест гола за ПСЖ, а Сандер Сагосен блескаше на голот. За Флензбург Род и Штајнхаузер постигнаа по шест голови.

Идното, 8 коло се соочуваат Флензбург и ПСЖ меѓутоа во Париз (13 ноември).

Standings provided by Sofascore LiveScore