Хамилтон во болидот на Ферари. Можеби звучи невозможно, но тоа е желбата на поранешниот претседател на Ферари, Лука Монтеземоло. Тој не крие како се восхитува на сегашниот првак.

„Има неверојатна способност да се адаптира на потребите на патеките. Јас лично би сакал да го видам во Ферари“, рече Монтеземоло и додаде дека е восхитен и од фактот што лани Хамилтон добивал некои трки, иако немал најдобар болид.