Ондреј Колар, голманот на Славија Прага е херојот на тимот кој синоќа извади бод на „Камп Ноу“. Тие 0:0 одекнаа како голема сензација. Колар имаше одбрането шест чисти удари кои одеа во рамките на неговиот гол.

Тој по мечот со Барса беше среќен по ремито, но и тажен поради однесувањето на домашните играчи.

„Срамно однесување на играчите на Барселона. Меси и неговите колеги по натпреварот веднаш си заминаа кон соблекувалната, не се ни поздравија со нас. Навистина тажно. Со денови се радувавме дека ќе гостуваме на овој стадион, ќе играме со една Барселона, а тие не сакаа ни дресовите да ги размениме. Единствено Тер Штеген беше фер и коректен“ изјави голманот на Славија.