Баер Леверкузен – Атлетико 7:0! И тоа на полувреме! Како? Ете така. На семафорот стои 7:0 иако гледачите на стадионот и пред малите екрани видоа само еден гол. Тоа беше ефектен автогол на Томас Парти за водство на Баер со 1:0. Кога паднале другите голови? Тоа мора да го прашате човекот задолжен за менување на резултатот на семафорот… Ние не ги видовме…