По непочитувањето на одлуката на претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис, играчите да бидат во карантин десетина дена, очекувано следеше и соопштение од страна на клубот.

Казни ќе има сигурно, но какви допрва ќе биде познато. Италијанскиот тим им забрани на сите од фудбалерите до стручниот штаб да комуницираат со јавноста, а го посочи Карлос Анчелоти како еден од виновниците оти не ја извршил својата задача.

„Клубот информира дека во врска со вчерашното однесување на играчите, ќе ги штити своите права на економско и дисциплинско ниво, како и средствата и имиџот. Одговорноста за карантинот му беше доворена на Карлос Анчелоти. Во иднина ниту еден член на клубот нема да смее да зборува со медиумите. Оваа одлука ќе биде активна на неодредено време“, се вели во соопштението на Наполи.