Откако СПОРТМЕДИА  ја објави веста дека екс-селекторот Никола Илиевски – Џиџи е нов тренер на второлигашот Кадино, а веста беше потврдена и на нивниот клупски ФБ профил, со свој коментар излезе и самиот Џиџи.

„Да, точно е дека сум во ФК Кадино, ама како технички директор. Првите луѓе на клубот ме замолија да го организирам Кадино, да го поставам на здрави темели што се вели. Е сега се случи ова со Борче Мицевски, па јас веројатно ќе го водам тимот само неколку кола додека не се најде нов тренер. Ова може да биде и веќе следната недела. Така да сакам да напоменам дека сум во Кадино, но не како тренер“ изјави за СПОРТМЕДИА, екс-селекторот на нашата репрезентација и еден од нашите најдобри тренери во историјата на самостојна Македонија.