Како што потврдуваат од раководството на ФК Кадино, и тоа преку својот ФБ профил, Никола Илиевски – Џиџи е нов шеф на стручниот штаб на второлигашот, кој се наоѓа на дното на табелата во западната конкуренција.

„Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борче Мицевски. Му благодариме за досегашната работа и му посакуваме успех понатаму. За нов тренер е назначен Никола Илиевски – Џиџи, тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера. ФК Кадино му посакува на Илиевски среќа и успех на клупата на нашиот клуб“ се вели во соопштението на клубот.

Инаку последна работа како тренер екс-селекторот на Македонија ја имаше во Ренова, кога со „гипсарите“ имаше успеси.