Компанијата за спортска опрема „Адидас“, денеска и официјално ја промовираа топката со која ќе се играат натпреварите на следното европско првенство 2020 година, каде се надеваме ќе ја гледаме и нашата репрезентација. Топката го носи името „Унифориа“ и истата е дизајнирана да „симболизира замаглување на границите и преминување на границите“, во новиот формат на турнирирот на Стариот континент.