Играчот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка, откако претрпе сериозна повреда на глуждот.

26-годишниот интернационалец од Португалија имаше операција за санирање на дислокацијата по фрактурата претрпена на средбата со Тотенхем во последното коло од Премиер лигата.

Говорејќи за првпат од повредата тој порача: „Како што веќе знаете, сè помина добро. Јас веќе сум дома со семејството. Би сакал да ви се заблагодарам на сите за пораките на подрршка“.