70-годишниот Арсен Венгер на почетокот на следната недела треба да има лична средба со претседателот на Баерн (М), Карл Хајнц-Румениге на која ќе се одлучи дали екс-тренерот на Арсенал ќе го преземе кормилото на германскиот шампион.

Британски „Сан“ денеска објави информација дека Венгер веќе имал телефонски контакт со Баерн и искажал подготвеност да разговара за преземање на тренерската работа во тимот од Минхен. Од Баерн споменале дека во оваа фаза можат да понудат само краткорочен договор до крајот на сезоната, а во јуни да се седне на нови разговори за перманентен договор.

Венгер, кој помина 22 години во Арсенал пред да замине во 2018 година, се смета за совршен човек да го преземе Баерн во моментов, затоа што и течно го зборува германскиот јазик и нема да има проблеми во комуникацијата со фудбалерите од првиот ден.