Изјавата на голманот на Славија Прага, Ондреј Колар по дуелот со Барселона изјави дека е тажен поради однесувањето на домашните играчи. Тој истакна дека никој од таборот на каталонскиот гигант не сакал да се ракува со нив.

„Срамно однесување на играчите на Барселона. Меси и неговите колеги по натпреварот веднаш си заминаа кон соблекувалната, не се ни поздравија со нас. Навистина тажно“, рече херојот на Славија Прага.

Оваа негова изјава ги збесна фановите на Барселона, со фотографии докажаа дека не е во право и дека Лионел Меси и неговите соиграчи максимално ги испочитувале.