Адис Јаховиќ сезонава во елитната лига на Турција просто блеска. Поради него и неговите голови, тимот на Малатиаспор е на третото место и тоа пред гигантите Фенербахче, Бешикташ, Галатасарај, Трабзонспор.

Сепак октомври беше најдобар месец за искусниот офанзивец кој на три меча постигна пет голови, па токму затоа и е во тимот на месецот во Лигата. Инаку тој сега засега се наоаѓа и во тимот на сезоната, тие негови девет голови го прават еден од најдобрите стрелци во Првата лига на Турција.