Европскиот првак Вардар в сабота, 17:30 часот го пречекува Келце во големото дерби од групата Б во Лигата на шампионите.

И покрај сите проблеми во тимот “црвено-црните” се подготвени да дадат се за да дојдат до нова елитна победа.

Во пресрет на овој меч вардарци им поставија прашање на своите фанови: Ние сме подготвени, а Вие? промовирајќи ги притоа новите дресови.

Трибините во “Јане Сандански” се очекува да бидат полни, а “црвено-црната” да доминира како и секогаш.